Регион

Завиден пораст на приходите на „Атлантик група“ во првиот квартал

02 мај 2019

„Атлантик група“ во првиот квартал на 2019 оствари приходи од продажба во износ од 160,1 милион евра, во споредба со истиот период во 2018 година, што претставува раст од 5,1 отсто.

Добивката од работењето (EBIT) изнесува 14,0 милиони евра, што претставува раст од 24,3 отсто, додека нето добивката по малцински интереси изнесува 10,8 милиони евра, што претставува раст од 31,4 отсто во споредба со првиот квартал минатата година.

Извештајот од првиот квартал потврдува дека „Атлантик група“ одлично започна уште една деловна година. На сите значајни пазари, остваривме огромен пораст на приходите од продажба, со континуирани инвестиции во сопствените брендови, логистичко-дистрибутивните операции и иновативните деловни процеси. Продолживме да ги продаваме нестратешките деловни операции и да инвестираме во развојот на дистрибутивниот бизнис, како и да ги развиваме сопствените способности и да го  прошируваме портфолиото. Дополнителните намалувања на долгот и значително пониските финансиски трошоци, ни овозможуваат да се фокусираме на уште поамбициозно планирање на идниот раст, изјави извршниот директор,Емил Тедески.

 На вкупниот пораст на приходите од продажбата, најмногу влијаеа стратешките деловни подрачја „деликатесни намази“ со пораст од 14,7 отсто и пијалоците со пораст од 9,6 отсто. Со 31,9 милиони евра приходи од продажба и 19,9 отсто од вкупните приходи, кафето се издвојува како најголема поединечна категорија. Во дистрибутивниот бизнис, сите пазари остварија пораст, а најзначајно – за  дури 13,7 отсто, порасна хрватскиот пазар. Во вкупната продажба, сопствените брендови сочинуваат 65,8 проценти, главните дистрибутивни брендови 25,3 проценти а, фармацевтскиот синџир Фармација учествува со  8,9 отсто.

 Продолжување на продажбата на операциите со неликвидно деловно работење и инвестирање во дистрибуцијата

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...