Регион

Србија воведува нови правила за какаото и за чоколадните производи

16 апр 2019

За некој производ да може да се нарече чоколадо, мора да е направен од како и од шеќер, мора да има барем 35 отсто вкупна сува материја на делови од како, вклучувајќи најмалку 18 отсто какао - путер и најмалку 14 отсто безмасна сува материја какао.  

Ова се условите за сите производители на чоколадо кои сакаат да продаваат во Србија. Правилата ќе важат од 1 јули 2020 година. 

Во чоколадото не смее да се додава животинска маст и преработки што не потекнуваат од млеко, од брашно, од житарки и од скроб. Количината на додадените растителни масти во чоколадото не смее да биде поголема од 5 отсто од масата на готовиот производ. 

Српските експерти велат велат дека овој Правилник ќе им помогне на домашните производители, кои на тој начин ќе бидат конкурентни на големите странски компании кои извезуваат такви производи на српскиот пазар.  


 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...