Регион

Поранешен „Агрокор“ со оперативна добивка од 71 милиони куни за првите два месеци

12 апр 2019

Приходите на  поранешната групација „Агрокор“ во првите два месеци од годинава изнесуваат 3,1 милијарди куни, а оперативната добивка изнесува 71 милиони куни, објавија од вонредната управа во најновиот месечен извештај. 

Податоците од извештајот се однесуваат на работењето на 16 компании во три деловни сегменти на „Агрокор“ - малопродажба и големопродажба, изхрана и земјоделство. Кај сите три сегменти има раст на приходите. 

Носител на оперативната добивка од малопродажба и големопродажба беше „Конзум“. 

Од 1-ви април, „Агрокор“ го доби називот „Фортенова група“, како и ново, вонредно раководство. Во состав на хрватскиот гигант делуваа вкупно 159 компании.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...