Регион

„Виолета“ целата заштеда ќе ја даде на вработените - ако се усвои закон во БиХ

10 апр 2019

Петар Ќорлука, претседател на Управата на „Виолета“, најави дека оваа компанија целата заштета ќе ја префрли на сметките на вработените, доколку се усвои законот чија цел е да ја растовари стопанството и да го подобри деловниот амбиент во Босна и Херцеговина. 

Тој додаде дека неговата компанија веќе ги зголеми платите на вработените. Со евентуалното усвојување на законот, мотивите за делење повисоки плати дополнително ќе се зголемат. 

За нас како работодавачи е најважно да ги мотивираме работниците да заработат повеќе. Ако се усвои законот да се растоварат платите, веднаш, одговорно изјавувам, дека целата таа заштета ќе оди кај работниците. И нашите луѓе помалку би размислувале да заминуваат во други држави ако прописите овде бидат исти како и во другите држави. Не смееме да бидеме себични и да ги гледаме ситните лични интереси. Не го гледам само интересот на „Виолета“, туку на сите работодавачи, на сите вработени и интересот за подобар амбиент. Ако се подобри деловниот амбиент, ќе донесеме странски инвеститори, а ако ги имаме нив, и домашните повеќе ќе инвестираат. Така се создава една општа подобра состојба, изјави Ќорлука. 

Предлогот што треба да го растовари стопанството го подготви Здружението на работодавачи на Босна и Херцеговина и денес треба да се разгледува на седница на Застапничкиот дом во тамошниот Парламент. Иницијативата се однесува на измени и дополнувања на пет постоечки закони, како и текстови на 20 нови закони за финансиско работење, регистрација на фирми, стечај, заштита на работа, штрајк, сметководство и ревизија, административни трошоци...

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...