Регион

Управата на „Кауфланд“ ги реди полиците

10 апр 2019

Вработените во Управата на „Кауфланд“ ги засукаа ракавите и одработија една смена со колегите во продавниците.

За вработените во Управата на „Кауфланд“ да го запознаат процесот во продажбата, трговецот го почна проектот Ден во продавници.

Сите вработени во Управата добија термин за работа во една од продавниците во Загреб, во текот на март и април. Секој вработен имаше обврска да реди производи, да менува етикети и плакати, да ги уредува полиците во одредени оддели и да работи на намалувањата. Секако, сето тоа го правеа со ментор - вработен во продавницата од оваа компанија.

Продажбата е срцето на нашето претпријатие бидејќи тука доаѓаме во контакт со нашите купувачи. Со овој проект сакаме на вработените од Управата да им ја смениме перспективата и подобро да видат со кои предизвици се соочуваат нивните вработени од продавницата, изјави Марија Франиќ, раководител за корпоративни комуникации.