Регион

Брендот Juicy прослави 20 години

08 апр 2019

„Станиќ Беверџис“, компанија која работи во склоп на групацијата „Станиќ“, одбележа 20 години постоење на брендот Juicy. 

 Juicy го покрена „Jамница“ во 1999 година, а во 2013 година стана дел од „Станиќ Беверџис“. Во тој период се отвори нова фабрика за производство на безалкохолни пијалоци вредна 12 милиони евра, па Juicy ја прошири понудата на пијалоци и за зајакна извозната стратегија. Кога брендот почна со производство, тоа изнесуваше 2 милиони литри годишно. Денес се произведуваат повеќе од 60 милиони литри Juicy сокови во две фабрики, при што извозот се прошири на нови пазари. Од првичните седум, сега се извезува во 22 земји - 15 во Европа, пет на Блиаксиот Исток, по една во Африка и во Азија. 

Денес, благодарејќи на модерната технологија и на отворените граници, наш пазар веќе не се само регионот или Европа, туку целиот свет. Во минатите 20 години беа произведени над 500 милиони литри Juicy сок. Верувам дека во следните 20 години ќе произведеме и ќе продадеме барем 10 пати по толку, изјави Светлан Станиќ, сопственик и претседател на Управата на групацијата „Станиќ“. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...