Регион

„Виолета“ ќе излезе на три нови пазари - албанскиот, бугарскиот и полскиот

13 мар 2019

Компанијата „Виолета“ го проширува постоечкиот погон во општина Груде, Босна и Херцеговина, за дополнителни 7.000 квадратни метри. 

Работите се веќе пред крај. 

Проширувањето е поради потребата да се инсталираат нови линии за да одговорат на потребите на пазарот и да осигураат доволно количество за големо сериско производство. 

За сериско производство се потребни големи брзини, и поради  тоа новите вложувања се значајни. Станува збор за инвестиција од околу 15 милиони евра. Годинава планираме да излеземе и на нови пазари. Веќе почнавме со дистрибуција на албанскиот пазар, а во план е да одиме на бугарскиот и на полскиот пазар, информираа од „Виолета“. 

Во погонот во Груде, компанијата ја работи течната програма - течни детергенти, средства за чистење и омекнувачи. Лансираа и нов производ - детергент за чистење подови. 

Оваа година, компанијата ќе инсталира и нова линија за производство на хигиенски влошки и ќе купи нова машина за производство на пелени - гаќички. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...