Македонија

Традиционална крводарителска акција на „Рамстор“

14 ное 2019

По повод 14. роденден на „Рамстор“ – Македонија, во соработка  со Црвениот крст и со Заводот за трансфузиологија, компанијата вчера организира крводарителска акција под мотото „Рециклирај се, дарувај крв“.

Дарувањето крв е должност на секој човек, а како компанија, придаваме огромно значење на општествено одговорните активности, кои додаваат вредност на општеството во кое живееме. Би сакал да му се заблагодарам најпрвин на тимот на  Црвениот крст, кој најсовесно ја извршува својата работа, а потоа и на сите вработени и соработници што беа дел од крводарителската акција и ја покажаа својата хуманост,  изјави Ајхан Узун, генерален директор на „Рамстор“ – Македонија.

Тој додава дека компанијата ќе продолжи со слични општествено одговорни проекти, бидејќи веруваат дека секоја донација е корисна и за сопственото здравје, но и за болните на кои им е најпотребна.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...