Македонија

„Рептил“ ги награди најдобрите маркети и најдобрите вработени

21 окт 2019

Раководството на маркетите „Рептил“ вчера ги додели наградите за своите најдобри маркети и за најдобрите вработени, на посебен настан што се одржа во Музејот на македонската борба.

Настанот помина со многу емоции и позитивна енергија и во присуство на огромен број на вработени. Управителката Даница Личанин Блажеска, со своето обраќање до вработените се осврна на позитивните страни на работата на маркетите, но и предочи на слабостите кои треба да се надминат и да бидат преиначени во позитивни предности, информираа од „Рептил“. 

Инаку, годинава „Рептил“ слави 23 години постоење и раст на македонскиот пазар. Маркетите „Рептил“ вработуваат околу 300 лица, меѓу кои има и работници вработени во самите почетоци на компанијата во 1996 година.