Македонија

Џебно шкотско виски - нов производ од палетата на „Гемак трејд“

17 окт 2019

„Гемак трејд“ вчера во Next Door Park Hotel ги промовираше новите производи во своето продажно портфолио.

Станува збор за џебно шкотско виски, за кое од компанијата велат дека е модерен и иновативен производ за комплетно нов начин на уживање во омиленото шкотско виски.

„Гемак трејд“ континуирано работи на проширување на своето портфолио на производи, стремејќи се да ги следи новите трендови и да промовира нови и иновативни форми во FMCG индустријата. Во таа насока е и промоцијата на џебното шкотско виски, единствено на пазарот по своите карактеристики. Производот доаѓа во модерно и стилско пакување, лесно за носење и во некршлива амбалажа, а самите производи се истото шкотско виски како и во добро познатата стаклена амбалажа, изјавија од „Гемак“.

Во портфолиото влегуваат следниве производи: Johnnie Walker Red Label 0.2цл,  J&B Rare 0.2цл и The Singleton 0.2цл. 

„Гемак трејд“ во изминативе 30 години работи на увоз и дистрибуција на пијалаци, тутунски производи, кафе и храна. Од 2016 година компанијата влезе и во доменот на угостителството преку Parkland Hospitality Group.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...