Македонија

Укинати се трговските бариери меѓу Македонија и Косово

05 сеп 2019

Министерството за трговија и индустрија на Косово денеска го извести Министерството за економија на Македонија дека се укинати бариерите за извоз на мед и компир.

Според договореното на состанокот меѓу министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрид Шала кој  се одржа пред две недели, Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово на крајот на минатата недела ги
достави потребните документи дека е извршен активен и пасивен мониторинг на икри и подмладок, кои кои беа потребни за да може да ги увезува овие производи во Македонија. Откако Агенцијата за храна и ветеринатрство изврши увид на терен и утврди дека се исполнети сите обврски од косовската страна, согласно законската регулатива Министерството за економија денеска донесе одлука Република Косово повторно да биде ставена на листата на земји од кои е
дозволен увоз на икра и подмладок.

Целосно се отстрануваат пречките кои настанаа од двете страни, изјави Бектеши.

Мерката за забрна на увоз на икри и подмладок не важеше само за Косово, туку и за сите земји што не спроведуваат активен и пасивен мониторинг во врска со рибните производи.