Македонија

Дополнителни 800 милиони евра за мали и средни претпријатија

15 јул 2019

Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и ПроКредит групацијата ќе пласираат дополнителни 800 милиони евра за иновативни проекти на мали и средни претпријатија (МСП), што претставува вкупно 1.62 милијрди евра за кредитирање на компании во 11 држави.

Поддршката која ја овозможува ЕИФ е отсега достапна преку ПроКредит банките во јужна и источна Европа и истата е наменета за компании кои употребуваат нови технологии и имаат иновативни производства во една од единаесетте држави каде што ПроКредит банките ги пласираат своите услуги (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Германија, Грција, Молдавија, Северна Македонија, Романија, Србија и Украина). Досега, ПроКредит банките имаат поддржано околу 2000 иновативни мали и средни претпријатија и тоа претежно во дејноста на производство, големопродажба и малопродажба, а уште голем број претпријатија ќе бидат финансирани и во следните неколку години.

Договорите за финансирање на малите и средни претпријата се дел од InnovFin иницијативата на Европска комисија, поддржани преку програмата Horizon 2020. InnovFin иницијативата овозможува банките да пласираат кредити за иновативни комапнии со гарантна шема поддржана од страна на ЕИФ. Договорот потпишан меѓу државите членки на ЕУ беше овозможен согласно поддршката од Европскиот Фонд за Стратешки Инвестиции. Овој фонд е централен столб од Планот за Инвестиции во Европа на Европската Комисија, исто така познат под називот „Juncker Plan”.

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...