Македонија

Нов киоск М1 во Ѓорче Петров

07 јун 2019

Скопската компанија „Толлакс“ на 1 јуни отвори нов киоск М1 во населбата Ѓорче Петров, на истоимениот булевар во близина на „СП планет“.

Овој формат на продажба нуди цигари, други тутунски производи и аксесоари, пури, кафе за носење, списанија, весници, игри на среќа, електронски ваучери за надополнување, алкохолни пијалаци, сладоледи, како и различни пијалаци и грицки.

Мрежата на „Толлакс“ се состои од 13 киосци М1 и еден супермаркет „Поло“, сите лоцирани во Скопје.

Во иднина планираме отворање објекти и во други градови, по принципот франшиза, според стандарди зададени од компанијата, изјави Марија Ременска-Јованоска, главен менаџер на „Толлакс“.