Македонија

„Витаминка“ ќе исплаќа дивиденда

13 мај 2019

„Витаминка“ од Прилеп донесе предлог одлука за употреба на добивката по оданочување за 2018 година. 

Добивката во висина 51.718.289 денари се распределува на: 31.177.289 денари како резерви за инвестициски вложувања, 4.120.500 денари како бруто износ за награди на менаџерскиот тим и раководниот кадар 16.420.500 денари како бруто дивиденда.  

Дивидендата за 2018 година изнесува 184,24 денари нето за акција или 216,76 денари бруто за акција.  

Датум на пресек на акционерската книга според која се определува листа на акционери кои имаат право на исплата на дивиденда, е 25 јуни. 

Дивидендата ќе им биде исплатена на акционерите до 30 септември. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...