Македонија

Винчини на „Biscuit people conference“

08 апр 2019

Винчини е поддржувач на втората меѓународна конференција на платформата „Biscuit people“, што се одржа во Пула, Хрватска.

Станува збор за конференција од областа на кондиторската индустрија, која ги собира и обединува компаниите во областа, независните консултанти и другите „бисквит“ експерти за да разменат знаења и да поттикнат нови истражувања и индустриски иновации.

Настани од ваков вид мора да се следат и поддржуваат, ако сакате да останете на врвот на она што се случува во бисквитната индустрија, да научите нешто ново и да ја проширите вашата бизнис мрежа. Индустријата непрестано се менува според потребите на консументите, па затоа е неопходно да бидеме иновативни и секојдневно да истражуваме, изјави Глигор Цветано, извршен директор на „Макпрогрес“.