Македонија

Нов маркет „Рамстор“ во Стар Аеродром

11 мар 2019

На Денот на жената – 8 март, компанијата „Рамстор“ – Македонија отвори нов маркет, лоциран на улицата Фрањо Клуз, бр. 6 во Стар Аеродром.

Модерно дизајнираниот маркет „Рамстор“, кој е 27. на малопродажниот трговец во земјава, се простира на продажна површина од 650 м2 и располага со дополнителен магацински простор од 160 м2. За услугата се грижи тим од вкупно 20 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 4 наплатни каси. Пред објектот е обезбеден паркинг-простор за 20 возила.

Во новоотворениот маркет на потрошувачите во секое време ќе им бидат понудени свежо овошје и зеленчук, свежо месо, готови јадења, топол леб и вкусни пекарски производи, како и повеќе од 10.000 други производи, се наведува во соопштението на компанијата. Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од 8 до 22 часот.

Отварањето на новиот маркет беше обележано со голем број промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи, а потрошувачите ја искористија и својата клуб-картичка „Рамстор“ за дополнителни бенифиции при купувањето.

Со новиот маркет во Стар Аеродром, синџирот „Рамсторе“ – Македонија достигна до вкупно 27 маркети во 7 града во земјава, кои се простираат на вкупна површина од 23.250 м2. Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува 750.

Иако е дел од интернационалната мрежа присутна во повеќе држави под закрила на мајката-фирма „Мигрос“, најголемиот синџир супермаркети во Турција, „Рамстор“ работи со стратегија да соработува со локалните увозници, производители и дистрибутери, со што активно учествува во поттикнување на македонската економија.