Македонија

„Алкалоид“ ќе дели дивиденда

08 мар 2019

„Алкалоид“ ќе им исплати по 272 денари нето износ по акција како дивиденда на акционерите во компанијата. Бруто износот изнесува 320 денари по акција. 

Одлуката за употреба и распоредување на нето добивката остварена во 2018 година треба да биде усвоена на годишното собрание на друштвото. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

Според предлог одлуката за поделба на дивиденда последен датум на тргување со право на дивиденда за 2018 година е 23 април годинава, а прв датум на тргување без право на дивиденда е следниот ден, 24 април 2019 година. 

Исплатата на дивидендата за 2018 година ќе започне од 22 мај 2019 година.

Инаку износот кој ќе биде поделен како двиденда по акција за 2018 година е за 12 отсто поголем од тој што беше исплатен за 2017 година кога беа исплатени по 270 денари бруто, односно по 243 денари нето за акција.

  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...