Македонија

Европската стопанска комора ја искачи Македонија повисоко на листата за водење бизнис

08 мар 2019

Македонија се најде на 31-то место, две места погоре од лани на листата на Европската стопанска комора – EuCham на земји за бизнис „Најдобар европски земји за бизнис во 2019 година”. На врвот на листата е Данска, а на дното Украина.

Втора на листата е Норвешка, која ја следат Шведска и Финска.

Во публикацијата се наведува дека од 46- те земји кои се рангираат нјмногу напреднала Турција, а најголемо намалување има во Грција.

Од земјите во регионот Србија е на 37-то место, Хрватска остана на 29-тото место, додека Словенија падна за една позиција и сега е на 22-то место.

Во регионот најголем пад од три места на ранг-листата има Црна Гора. Таа сега е на 33-то место, а Босна и Херцеговина е само место пред последната Украина.

Основа на рангирањето на Европската стопанска комора – EuCham се две глобални листи на Doing Business од Светска банка и индексот на перцепција на корупцијата – CPI на Transparency International.