Македонија

Младо и динамично работно опкружување благодарение на жените

07 мар 2019

Една од основните причини за порастот, развојот и успехот на „Рамстор“ – Македонија се трудот и поддршката од женскиот персонал.

Според соопштението на „Рамстор“, во текот на 13-те години работење компанијата е пионер во голем број успешни практики во малопродажниот сектор во земјава. Една од нив е еднаквоста на можностите. Стапката на вработени жени во компанијата изнесува 60%, а 40% од вработените на менаџерски позиции се припаднички на женскиот пол. Просечната возраст на вработените во овој динамичен и конкурентен сектор изнесува 33 години.

„Рамстор“ – Македонија создава можности за вработување преку постојано проширување, алоцирање на ресурси и време за поединечен и професионален развој на вработените, овозможувајќи еднакви можности за сите, инвестирање во иднината и создавање безбедна и здрава работна средина, се наведува во соопштението на компанијата.