Македонија

„Кам“ го проширува синџирот во Бугарија

22 јан 2019

Малопродажниот синџир „Кам“ планира да отвори 15 нови продавници во 2019 година во Бугарија. Во следните две години трговски објекти во земјата ќе бидат дополнети со нови 30, прецизираат од управата во Скопје.

„Кам“ веќе одбележа една година во земјата со десет продавници во главниот град Софија: два во „Младост“, три во „Љулин“, по еден во „Зона Б5“, „Света Троица“, „Надеж“, „Хаџи Димитар“ и „Манастирски ливади“. Маркетите се посетени од околу половина милион купувачи месечно. Просечната готовинска сметка во продавниците во Бугарија е 9 лева.

Продавниците се во формат на хард-дисконт, што значи исклучително прецизно контролирани трошоци на сите нивоа - централа, продавници, логистика, персонал, реклама и инвестиција се пресметани во продажните цени, објаснуваат од синџирот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...