Македонија

„Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи

21 сеп 2018
„Веро" трајно ги намали цените на 650 основни производи кои ја сочинуваат секојдневната потрошувачка кошничка на граѓаните.
 
Станува збор за производи за секојдневна употреба во неколку категории: прехранбени производи, средства за лична хигиена и средства за одржување на хигиената во домот, информираа од компанијата. 
 
Намалените цени на избраните производи се видливо обележани со посебни налепници за да може потрошувачите полесно да ги лоцираат. 
 
Не станува збор за периодична акција или промоција од времен карактер каде цените повторно се враќаат на претходното ниво по завршувањето на промотивниот период. Ние иницираме трајно намалување на цените на најчестите производи за секојдневна употреба кое ќе трае засекогаш. Нашите анализи покажуваат дека потрошувачите ќе остварат значителни заштеди имајќи предвид дека цените се намалени кај голем број производи кои ги купуваат секој ден. Трајното намалување на цените на производите е со цел да им излеземе во пресрет на потрошувачите и да им се оддолжиме за довербата што ни ја укажуваат секојдневно – вели Љубица Короскоска, маркетинг-директор на „Веропулос" во Македонија. 
    
Поголемиот дел од конкретните производи се од домашно производство. 

И покрај трајното намалување на цените на 650 производи, „Веро" и понатаму ќе продолжи за праксата за периодични акции и промоции

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...