Видео вести

Robomart – продавница на тркала

26 јун 2018

Иновативниот концепт Robomart, кој е спој од автономно возило и минимаркет, на купувачот ќе му доставува прехранбени производи на посакуваната локација.

Станува збор за автономно возило кое, на повик од купувачот преку соодветна апликација, самото се довезува до посакуваната дестинација. Витрината на возилото се отклучува и откако ќе ги земе потребните производи, купувачот само ја затвора вратата од Robomart и го остава да продолжи понатаму. Продавницата на тркала автоматски регистрира што купил потрошувачот, по што му испраќа сметка.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...