Видео вести

„Лидл“ изненади со иновативен плакат

26 јул 2018
Во рамките на маркетиншко-комуникациската кампања „Сите знаат - дека си го проверил квалитетот", „Лидл" им приреди изненадување на ранобудните во Љубљана.
 
На голем постер, во Баварскиот двор во Љубљана, „Лидл" залепи 300 кесички индиски орев со брусница. Кога минувачите ги зедоа сите залепени кесички, по четири часа, откриена е пораката која го пренесува резултатот од истражување за квалитет.  

Имено, во истражувањето за квалитет, спроведено во соработка со истражувачката агенција „Ипсос", меѓу најдобро оценетите производи се најде токму приватната трговска марка на „Лидл" Alesto - индиски орев и брусница. За 97% од испитаниците тој е оценет како добар, многу добар или одличен.  

Погледнете го и видеото од кампањата: