Регионални самити

Успешно одржан FMCG Summit во Сараево

13 јун 2016

Главната порака на овогодинешниот FMCG Summit, во организација на магазинот InStore – Со меѓусебна соработка и партнерство може да растеме заедно.

Повеќе од 500 учесници на самитот, преку 15 презентации, имаа можност да слушнат со какви предизвици ќе се соочуваат во иднина при работењето во БИХ и кои се начините за унапредување на продажниот менаџмент.

Во тематскиот блок посветен на иднината на FMCG-индустријата, зборуваа Бранислав Ловриќ од „Подравка", кој преку примерот на компанијата зборуваше за иновативноста и за тоа како да се шири категоријата. Наташа Гаон-Грујиќ од „Атлантик група" зборуваше за редизајнот и за отворањето нови поткатегории во рамките на категоријата паштета, додека Јања Божиќ-Марлот од „Медиана" покажа кои се куповните навики на граѓаните од Западниот Балкан.

Во продолжение на самитот се зборуваше за продажниот менаџмент во FMCG-индустријата. Даворка Биондиќ-Винце од „Бионди" ги откри начините за тоа како да се добие и да се задржи листингот, Аднан Мисимовиќ од „Мегамикс" зборуваше за тоа како дистрибутерот ја гледа разликата меѓу своите производители. Адмир Исаковиќ и Емина Мушиновиќ од „дм дрогерие маркт" покажаа како компанијата ја гледа иднината на приватните трговски марки.

Конференцијата заврши со тркалезна маса на која учесниците, Сеад Башиќ, Елма Пашиќ, Един Ибрахимовиќ, Наташа Гаон-Грујиќ и Мирослав Солдат, донесоа заклучок дека со заедничка соработка може да се развива FMCG-индустријата во БИХ. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...