Talk in Business

Talk IN Business - Уникатна приказна за единствено доживување

19 дек 2016
 
 
Зад секој бренд стои уникатна приказна со која на 
потрошувачот треба да му се овозможи уникатно 
доживување. Во категоријата козметика тоа 
доживување може да се постигне преку визуелната
комуникација која ќе ги пренесе специфичностите 
на производот.



 
 
                           
Втората по ред интерактивна Talk IN business 
Конференција наменета за категоријата 
козметика, магазинот InStore ја организираше
 во соработка со Стопанската комора на 
Македонија, „Ипсос", Интернет-академијата 
Clear view и со „Медиана".          

На неа присуствуваа претставници од: 
„дм дрогерие маркт", „Даути комерц", 
„Алкалоид", „Нелт СТ", „Рептил", 
„Гранап", „Данаи фарм", „Бизнис хаус",
 „Реплек фарм", „АВТ-интернатионал", 
„Атлантик трејд", „Тинекс", „Кола", 
Clear view, Стопанска комора на 
Македонија, „Медиана" и „Ипсос".
 
 
Корисниците, денес, бараат многу повеќе внимание, тие се покомплексни и сакаат достапност
до производот 24 часа, секој ден во неделата. Комплексноста на денешните потрошувачи бара
соодветна интеракција.  
 
 
Средствата за лична хигиена најмногу се купуваат во локалните маркети – 17 отсто, додека во Словенија 
најмногу се купуваат во дрогериите – 52 отсто.
 
   Секој производ има свој идеален потрошувач. 
   Истражувањата се основа за паметно насочување
   кон идеалниот потрошувач и кон каналот каде е 
   најдобро да се рекламира брендот.                                        
      
 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...