Одржани

Како да станете успешни маркетинг или бренд-менаџери?

14 фев 2019

Работилницата за сите маркетинг-менаџери и бренд-менаџери ќе се одржи на 21. и 22. март. Главниот фокус на дводневната работилница е ставен на ефикасното управување со брендот, важноста на бренд аналитиката, оптимизацијата на медиумите, привлекувањето на потрошувачите и како да ги користите истражувањата на пазарот.

ЦЕЛИ НА РАБОТИЛНИЦАТА:

  • Како да ги користите истражувањата на пазарот како основа за носење на ефикасни и ефективни бизнис одлуки;
  • Дознајте зошто бренд-аналитика е најважна основа за ефикасно управување на продажбата на брендот;
  • Совладајте ја вештината за ефикасен бренд менаџмент;
  • Пристапете му на управување на развојот на пропагандните кампањи на целосно друг начин;
  • Совладајте го ефикасното управување и оптимизација на медиумите;
  • Откријте како да го привлечете и задржите вниманието на потрошувачите, а потоа и како да го конвертирате во купување на вашите производи;
  • Дознајте кои знаења од менаџментот на продажба ви се неопходни за подобро да управувате со вашите брендови;

ПРОГРАМА ПО ДЕНОВИ

ДЕН 1: Како ефикасно и успешно да се управува со брендот?

  • Кои се клучните типови на истражувања на пазари за поголем успех на брендот;
  • Case study: неуро-маркетинг истражување ;
  • Бренд аналитика како основа за ефикасен бренд и портфолио менаџмент
  • Case study: „Brand equity destination”;
  • Како успешно да се управува со процесот на креирање пропагандна кампања;
  •  “Brand diamond” модел;

ДЕН 2: Како успешно да се управува со медиумите и однесувањето на потрошувачите?

  • Клучни медиумски индикатори за перформанс;
  • Case study: медиумски менаџмент;
  • “Shopper Marketing”;
  • “WOW” иновација;
  • Продажни фундаменти за бренд менаџерот: DPSM (Distribution,Shelving, Pricing, Merchandising);
  • Case study: пенетрационен маркетинг;

ЗА ПРЕДАВАЧОТ:

Дарко Лукиќ, м-р по економски науки и консултант. Вкупно 20 години работно искуство во маркетинг, од кои 5 години искуство во агенции за истражување на пазарот и адвертајзинг, а 15 години во водечки мултинационални компании од областа на банкарството и FMCG (“ING Bank, “Nestle Adriatic”, ”Henkel CEE HQ Austria”, “Henkel Srbija”).

Од 2007 до 2015 година на позицијата регионален директор за маркетинг за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија во компанијата „Henkel Srbija”. Портфолио: Persil,Merix, Perwoll, Silan, Bref, Mer, Somat.

Потоа на позицијата регионален извршен директор на агенцијата „Firma: FCB Afirma“ од Белград. Клиенти: „Beiersdorf“, „Mondellez”, „Telenor“, „Whirpool“, „Lesaffre“, „Ikea“. Територија: регионот на поранешна Југославија и Албанија.

Моментално работи како маркетинг консултант за водечки српски компании и невладини организации во Агенцијата за менаџмент и маркетинг консалтинг што ја има основано самиот. Клиенти: UNICEF, Yuhor, Mioni, Fun&Fit, Danubius, Nectar Group (Nectar, Fructal). Територија: Србија.

КОТИЗАЦИИ:

1 лице – 230 евра

2 лица од компанија – 220 евра по лице

3 лица од компанија – 210 евра по лице

4 и повеќе лица од компанија – 200 евра

 (Цените се без ДДВ)

Во котизацијата се вклучени:

  • 2 паузи за кафе
  • Ручек
  • Материјали за работилниците во печатена и во електронска форма
  • Сертификат за успешно завршена работилница

ЛОКАЦИЈА

Јавна соба

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

Елена Вришку

edukacija@instore.mk
тел: 02 3067 572
моб: 071 267 212