Нови

Што да барате од вашите дигитални маркетери? Дигитален маркетинг за бренд-менаџери

05 апр 2019

Работилница наменета за сите бренд менаџери и маркетинг менаџери, на која ќе дознаете кои се најважните дигитални трендови ќе се одржи на 18. и 19. април.

Дигиталниот маркетинг полека зема се поголем замав во светот на бизнисот. Запознајте ги најважните алатки на дигиталната аналитика и научете како поефикасно да комуницирате со специјалистите за дигитален маркетинг. Дознајте и што да побарате од нив и совладајте ги најважните принципи и комуникациски канали на дигиталниот маркетинг и дигиталното огласување.

Цели на работилницата:

  • Едукација на членовите од тимовите за маркетинг на темата дигитален маркетинг и нивно оспособување за ефективна и ефикасна комуникација со специјалистите за дигитални медиуми и дигиталните маркетинг - агенции, со цел успешно управување со брендовите.
  • Дознајте ги најважните дигитални трендови кои ќе го променат пејзажот на бизнисот во годините што доаѓаат.
  • Запознајте се со целите и специфичностите на дигиталниот маркетинг и дигиталниот shopper marketing.
  • Запознајте се со најважните алатки на дигиталната аналитика и метрика.
  • Дознајте колку е развиено нивото на дигитален маркетинг и онлајн продажбата во регионот.
  • Совладајте ги најважните принципи и комуникациски канали на дигиталниот маркетинг и дигиталното огласување.

ПРОГРАМА ПО ДЕНОВИ

Ден 1

  • Најважните дигитални трендови;
  • Од традиционален кон дигитален маркетинг;
  • Маркетинг преку сите канали (omnichanel marketing);
  • Маркетинг базиран на содржина (content marketing);
  • Маркетинг преку email;
  • SEO (Search engine optimization);
  • SEM (Search engine marketing);
  • SMM (Social Media Marketing).

Ден 2

  • Social Media Marketing - продолжување;
  • Engagement marketing (CRM, Gamification);
  • Дигиталните медиуми и огласувањето –трендови во развој
  • On-line трговијата во регионот.

За кого е наменета

За маркетинг професионалци во интернационални компании, трговски синџири и мали и средни претпријатија, на следните позиции:

  • бренд - менаџери
  • сениор бренд - менаџери
  • маркетинг менаџери

За предавачот:

Дарко Лукиќ, м-р по економски науки и консултант. Вкупно 20 години работно искуство во маркетинг, од кои 5 години искуство во агенции за истражување на пазарот и адвертајзинг, а 15 години во водечки мултинационални компании од областа на банкарството и FMCG (“ING Bank, “Nestle Adriatic”, ”Henkel CEE HQ Austria”, “Henkel Srbija”).

Од 2007 до 2015 година на позицијата регионален директор за маркетинг за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија во компанијата „Henkel Srbija”. Портфолио: Persil,Merix, Perwoll, Silan, Bref, Mer, Somat.

Потоа на позицијата регионален извршен директор на агенцијата „Firma: FCB Afirma“ од Белград. Клиенти: „Beiersdorf“, „Mondellez”, „Telenor“, „Whirpool“, „Lesaffre“, „Ikea“. Територија: регионот на поранешна Југославија и Албанија.

Моментално работи како маркетинг консултант за водечки српски компании и невладини организации во Агенцијата за менаџмент и маркетинг консалтинг што ја има основано самиот. Клиенти: UNICEF, Yuhor, Mioni, Fun&Fit, Danubius, Nectar Group (Nectar, Fructal). Територија: Србија.

КОТИЗАЦИИ:

1 лице – 230 евра

2 лица од компанија – 220 евра по лице

3 лица од компанија – 210 евра по лице

4 и повеќе лица од компанија – 200 евра по лице 

 (Цените се без ДДВ)


Во котизацијата се вклучени:

  • 2 паузи за кафе
  • Ручек
  • Материјали за работилниците во печатена и во електронска форма
  • Сертификат за успешно завршена работилница

ЛОКАЦИЈА

Јавна соба

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

Елена Вришку

edukacija@instore.mk
тел: 02 3067 572
моб: 071 267 212



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...