Свет

Италијанскиот „Еуроспин“ се шири на Малта

03 сеп 2019

Италијанскиот дисконтер „Еуроспин“ планира да отвори 12 маркети на Малта.

Со овој потег трговецот се спротивставува на конкурентите, особено на „Лидл“. 

„Еуроспин“ е присутен во Италија со повеќе од 1.000 супермаркети, во Словенија со 62 маркети, а пазарот на Малта ќе биде втор пазар на оваа компанија надвор од матичниот - италијанскиот. „Еуроспин“ работи од 1993 година и сега има повеќе од 7.000 вработени. 

Претходниот голем трговски синџир кој влезе на пазарот во Малта е холандскиот „Шпар интернационал“.  Овој трговец планира да отвори вкупно 23 продажни места до 2025 година, меѓу кои два хипермаркети, четири големи супермаркети и 17 помали маркети. 

Во истражување спроведено во 2016 година, половина од Малтежаните го избраа „Лидл“ како свој прв избор. Но, иако „Лидл“ е најпопуларен, 63 отсто од испитаниците кои купуваат во „Лидл“ одговориле дека купуваат и во други супермаркети, што значи дека трговските синџири на Малта добро се надополнуваат еден со друг. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...