Свет

ЕУ бара производителите од Австралија да ги сменат називите на производите

15 авг 2019

Европската Унија (ЕУ) бара компаниите од Австралија да престанат да ги нарекуваат своите сирења „фета“ и „горгонзола“ и инсистира да им ги сменат називите. 

Доколку тоа барање добие поддршка, сите производители на храна ќе мораат да им дадат нови називи, и тоа не само на сирењата, туку на многу други производи - вкупно 408 на листата што ЕУ ѝ ја прати на Австралија. Станува збор за производи со заштитено географско потекло во ЕУ, кои се традиционални кај одредени заедници и имаат гарантиран квалитет. 

Ова е услов за договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Австралија, околу кој преговорите почнаа пред една година. Европската Унија е втор по големина трговски партнер на Австралија и трета најголема извозна дестинација за „земјата на кенгурите“, со пазар од над 500 милиони потрошувачи. 

Министерот за трговија, туризам и инвестиции на Австралија отвори јавна расправа за ова прашање и рече дека сака да го чуе ставот на австралиските производители и компании.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...