Свет

Секој Европеец лани испил по 76 литри пиво

13 авг 2019

Минатата година во Европската Унија (ЕУ) се произведени околу 39 милиони литри пиво што содржи алкохол, што е еквиваленто на количина од 76 литри годишно по глава на жител. Покрај тоа, ЕУ лани произведе повеќе од милијарда литри пиво со помалку од 0,5 отсто алкохол или целосно без алкохол. 

Германија е најголем производител на пиво во 2018 година во рамки на ЕУ - произведе 8,3 милијарди литри (или 21 отсто од вкупното производство). Поточно, секое петто пиво произведено во Унијата, потекнува од Германија.  

Втор најголем производител е Велика Британија со 4,5 милијарди литри, или 12 отсто). Следуваат Полска, Шпанија, Холандија и Белгија. Најголем извозник е Холандија (извезла 1,9 милијарди литри пиво), а најголем увозник се САД, каде завршиле милијарда литри пиво извезени од ЕУ во 2018 година. 

Што се однесува до извозот од земјите кои не се членки на ЕУ, соседна Србија е на високото второ место со извезени 57 милиони литри пиво (12 отсто). На прво место е Мексико, со 250 милиони литри, или 52 отсто од вкупниот извоз на пиво надвор од ЕУ за минатата година. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...