Свет

„Теско“ го намалува асортиманот

12 авг 2019

Малопродажниот синџир „Теско“ планира да намали 20 отсто од своите 40.000 производи и на тој начин се обидува да им се спротистави на дисконтите. 

„Теско“ веќе ги информира добавувачите дека е на пат кон дополнително намалување на асортиманот и им порача да се фокусираат на производи за домаќинството. 

Почнувајќи од 2014 година, овој синџир го преполови бројот на поединечни производи со кои беа снабдувани неговите продавници. Притоа, ја проширува својата стратегија за набавки : потпиша договор со „Гринјард Фрозен“ за од септември да стане единствен добавувач на нивните смрзнато овошје, зеленчук и билки. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...