Свет

Американски и француски козметички бренд - највредни во светот

09 авг 2019

Американски Johnson’s е највреден козметички бренд во светски рамки со вредност од 14 милиони долари.

Вредноста на компанијата минатата година беше 17,6 милијарди долари, но и покрај намалувањето, оваа козметичка компанија го задржа првото место.

На втора позиција се најде француски Chanel со вредност од 11,4 милијарди долари, додека минатата година компанијата достигна ниво од 5,8 милијарди долари. Според Brand Finance, оваа компанија направи скок од шеста на втора позиција. 

Уште еден француски бренд се вбројува меѓу највредните козметички брендови - тоа е L’Oreal со вредност од 10,7 милијарди долари. Минатата година, компанијата беше проценета на 9,6 милијарди долари, со што забележа пад од второ на трето место.

Американски Gillette оваа година има вредност од 8,1 милијарда долари и е четврти највреден козметички бренд.

На петта позиција се најде уште еден американски козметички бренд, а тоа е Neutrogena, чија вредност е проценета на 6,9 милијарди долари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...