Свет

„Колгејт-Палмолајв“ ќе продава и производи за нега на кожа

12 јул 2019

Американската компанија „Колгејт-Палмолајв“ го купи работењето поврзано со нега на кожа на француската компанија „Филорга“ за 1,5 милијарди евра. 

 Тоа е во состав на намерите на компанијата да се прошири на пазарот на производи за лична нега. 

Производите на „Филорга“ за ублажување на последиците од стареење на кожата се продаваат во повеќе од 60 земји во светот. Најголеми пазари се матичниот во Франција, како и пазарите во Италија, во Шпанија и во Кина. 

Со оваа аквизиција „Колгејт-Палмолајв“ ќе добие пристап до големиот малопродажен пазар на патнички пунтови, особено во Азија, соопштија од компанијата.  

„Колгејт“ е најпознат по производите за нега на заби, но сака да ја прошири работата и во подрачјето за лична нега каде има висока маржа. Поради тоа, пред две години ги купи брендовите за нега на кожа PCA Skin i EltaMD. 

Трансакцијата ќе се заокружи во третиот квартал од годината. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...