Свет

„Волмарт“ не може ни да му се доближи на „Амазон“

08 јул 2019

Американскиот малопродажен ланец „Волмарт“ оваа година очекува најмалку милијарда долари загуба во секторот онлајн трговија, каде требаше да му парира со онлајн гигантот „Амазон“. 

Обидите на „Волмарт“ да прерасне во конкуренција на „Амазон“ се безуспешни, што довело до внатрешни притисоци да се намалат загубите во секторот на е-трговија.

Според проекциите, е-трговијата ќе направи загуби од една милијарда долари на приходите помеѓу 21 и 22 милијарди долари.