Свет

„Баерсдорф“ го купува брендот Coppertone

18 јун 2019

Групацијата „Баерсдорф“ го купува брендот Coppertone од германската фармацевтска компанија „Баер“.

Со оваа аквизција, „Баерсдорф“ влегува на најголемиот светски пазар на производи за заштита од сонце и го зајакнува своето присуство во Северна Америка. Вредноста на зделката е 550 милиони долари. 

„Баерсдорф“ ќе ги преземе глобалните права на Coppertone и околу 450 работници во САД, во Канада и во Кина, како и производствениот капацитет во Кливленд. 

Основан во 1944, Coppertone беше прв бренд за заштита од сонце лансиран на американско тло. Минатата година генерира продажба од 213 милиони долари. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...