Свет

„Лидл“ ќе отвори 40 маркети во Лондон

17 јун 2019

Германскиот трговски синџир „Лидл“ го шири своето работење во Велика Британија. 

Со нова инвестиција вредна 500.000 фунти, „Лидл“ во следните пет години планира да отвори 40 маркети во Лондон со што ќе се отворат 1.500 нови работни места. 

Лондон е во центарот на нашите планови за иден раст во Велика Британија. Горди сме што можеме и во иднина да продолжиме да отвараме работни места, соопштија од компанијата. 

Инвестицијата вклучува и отворање нова централна канцеларија во југозападниот дел на Лондон, како и дистрибуциски центар во близина на аеродромот „Лутон“. 

Во последната година, брзорастечкиот „Лидл“ забрзано го презема пазарниот удел од британскиот супермаркет „Теско“. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...