Свет

Германски „Алди“ го отвора првиот маркет во Кина

31 мај 2019

Германскиот супермарт „Алди“ следната недела ќе отвори голем маркет во Шангај, Кина. 

Освен вообичаените производи на трговецот, увезени од Европа, во него ќе се продаваат и многу видови свежи риби. 

Се очекува дека брзо по првиот, ќе уследи и втор маркет. 

Германскиот трговец работи во Кина од 2017 година. Оттогаш се очекуваше негово ширење на големиот кинески пазар, но плановите се реализираат сега, две години подоцна. 

Бизнис списанието „Менаџер магазин“ пренесе дека „Алди“ во почетокот планира да отвори најмалку 10 маркети, а во следните години да стигне до бројката од 50 до 100 продажни места.  

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...