Свет

„Амазон Гоу“ првпат се отвора во Њујорк

09 мај 2019

Команијата „Амазон“ отвора продавница „Амазон Гоу“ во центарот на Њујорк. 

Продавницата ќе биде отворена за јавност до крајот на неделава, и прва од таков тип во овој град. 

„Амазон Гоу“ има 1.300 квадратни метри и е лоцирана на вториот кат од затворен трговски центар. 

Иако во продавницата не постојат каси, купувачите сепак ќе можат да користат пари, така што вработен во продавницата ќе дојде до нив со телефон в рака за да им помогне да ја проверат сметката и да платат, соопштија од компанијата. Инаку, концептот на „Амазон Гоу“ е купувачите едноставно да влезат и да излезат од продавницата, да скенираат Амазон апликација и преку неа да купат што сакаат, без воопшто да покажат пари. 

„Амазон“ планира да отвори 12 вакви продавници во САД, главно на западниот брегх, околу Сиетл и Сан Франциско. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...