Еден од најголемите светски производители на пиво влезе на пазарот на Еквадор со купување мнозински удел во пивскиот бренд
Biela Ecuador.
„Хајнекен“ исто така, ќе ги продава и своите брендови во Еквадор.
Причините зошто компанијата се решила да се прошири во Еквадор се: поволната демографија, силен развој на туристичката индустрија и раст на БДП, како потенцијалите за раст на премиум производите на „Хајнекен“.
Во догледно време, „Хајнекен“ планира и локално производство на своето пиво.
Пазарот на Еквадор е ветувачка можност за „Хајнекен“, со производство од шест милиони хектолитри пиво годишно и релативно ниска потрошувачка од 39 литри по глава на жител, во споредба со другите јужноамерикански држави.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.