Свет

„Гринјард Фрозен“ објави партнерство со „Теско“

06 мај 2019

„Гринјард Фрозен“ од Велика Британија објави стратешко партнерство со синџирот „Теско“ кого ќе го снабдува со смрзнато овошје, зеленчук и лековити билки.

Очекувањата се дека партнерството ќе резултура со зголемување на обемот стоки што ги произведува синџирот „Теско“ и ќе има позитивен ефект врз сите субјекти вклучени во синџирот на снабдување. 

Договорот, исто така, ќе му овозможи на трговецот во својот асортиман да вклучи уште 25 врвни видови производи. „Гринјард Фрозен“ ќе му помага на „Теско“ и во поглед на квалитетот, техничкото управување и логистиката преку соработка низ различни сектори и создавање на посветен тим вработени. 

Во март годинава, „Гринјард Фрозен“ објави план за трансформација, кои вклучува вертикално интегхриран модел на партнерство.   

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...