Свет

„Карлсберг“ го продава споредниот бизнис

15 апр 2019

Данскиот производител на пиво, компанијата „Карлсберг“ објави дека го продаде својот удел во пиварницата во Норвешка, на конзорциум кој го сочинуваат три компании

Од „Карлсберг“ соопштија дека оваа трансакција е во согласност со нивната определба да ги издвојат трошоците за споредниот бизнис, додека од друга страна го позиционираат работењето да донесе зголемен раст.  

Компанијата ја продаде пиварницата за цена од 75,9 милиони евра. 

Во согласност со стратегијата на „Карлсберг група“, постојано го вреднуваме нашиот имот и се држиме до дисциплиниран пристап кон парите и трошоците со цел да се фокусираме на инвестициите кои се приоритет за нашиот раст, соопштија од компанијата. 

Еден од приоритетите е развој на крафт пивата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...