Свет

„Амазон“ ќе воведе плаќање во готово во продавниците без каси

12 апр 2019

Продажниот гигант „Амазон“ планира да воведе плаќање во готово во десет од своите Amazon Go продавници во кои нема каси, ниту вработени. 

„Амазон“ го презема овој чекор поради големиот број поплаки за начинот на купување, кој „исклучува“ одредени групи луѓе - на пример, оние кои немаат банкарски сметки, чиј број во САД не е мал, како и повозрасните жители бидејќи на некои од нив плаќањето преку телефон им претставува проблем. Поради тоа, некои градови веќе донесоа закон со кој забрануваат продавници што не прифаќаат „кеш“ плаќање.

„Амазон“ има продавници без каси во Сан Франциско, Чикаго и во Сиетл. Наместо вработени, тие се опремени со вештачка интелегенција и со камери за проверка и идентификација на купувачите. Плаќањето е преку регистрирана сметка од смартфоните на корисниците. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...