Свет

„Унилевер“ сака да го преземе козметичкиот бренд Garancia

11 апр 2019

Британско - холандскиот производител на стоки за широка потрошувачка,„Унилевер“, даде обврзувачка понуда за аквизиција на козметичкиот бренд Garancia. 

Вредноста на понудата не е обелоденета. Аквизицијата би требало да се комплетира во вториот квартал на оваа година. 

Брендот Garancia го лансираше француската фармацевтска компанија Savéria Coste во 2004 година. 

Garancia е еден од водечките брендови во фармацијата кој нуди производи за убавина и е силно позициониран меѓу науката и природата.