Свет

„Нестле“ вложи 10 милиони евра во нова производствена линија

08 апр 2019

Компанијата „Нестле“ инвестира 10,6 милиони евра во нова производствена линија во Аргентина, за производство на млечни производи готови за јадење

Новата линија ќе ѝ овозможи на компанијата дневно производство на 10 милиони литри млечни производи од популарните брендови   Nesquik и Nido.

Од компанијата велат дека ова е инвестиција со која „Нестле“ влегува на пазарот  на течни млечни производи. 

„Нестле“ во Аргентина поседува шест фабрики во различни краеви на земјата, во кои се вработени повеќе од 2.000 луѓе.