Свет

„Нестле“ бара повеќе жени во раководството

06 мар 2019

 „Нестле“ претстави акциски план со кој ќе го зголеми бројот на жени на раководни позиции во компанијата на светско ниво. Тоа ја зацврстува посветеноста да им се дадат еднакви можности на сите вработени.

Во последните години „Нестле“ веќе постигна напредок на ова поле, по што денес во компанијата работат 43 отсто жени. Со „Планот за унапредување на рамноправноста на половите“ „Нестле“ ќе вложи дополнителни напори за на 200-те раководни позиции да го зголеми учеството на жените од сегашните 20 отсто на 30 отсто до 2022 година.

Тоа е единствената правилна работа која како компанија треба да ја направиме. Веруваме дека работната сила со повеќе жени во раководството ќе ја засили нашата инклузивна култура и ќе не направи подобра компанија. Поставуваме мерливи цели за да бидеме одговорни кон нивното исполнување, соопштија од „Нестле“.

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...