Свет

Корејски трговец ѝ се придружи на ЕМД

06 мар 2019

Втората по големина малопродажна компанија во Јужна Кореја – „Хоумплус“ ѝ се приклучи на групацијата за набавка ЕМД (European Marketing Distribution).

Не можам да замислам подобар партнер за соработка од успешниот и добро поврзан ЕМД, коментира Лим Ил-Сон, извршен директор на „Хоумплус“. Тесната соработка со бизнисот со приватни трговски марки за нас отвора нови и интересни канали за набавка во Европа, кои ќе бидат од голема корист за нашите купувачи.

Тој додава дека дополнителни можности за пораст ќе отворат и доставувачите од Јужна Кореја, кои ќе бидат на располагање за нови канали за продажба во големата дистрибутивна област на членовите на ЕМД.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...