Свет

Кока – Кола лансира Espresso Monster линија

21 фев 2019

Кока-Кола европски партнери“ го прошири и во Велика Британија своето портфолио на Monster Energy. Новиот асортиман на напитоци од кафе е дизајниран така за да им се допадне и на тие кои пијат кафе и на љубителите на енергетски напитоци.

Espresso Monster e вистински чекор за бренд кој веќе се покажа исклучително попларен по пробната продажба во малопродажбата кон крајот на 2018 година, изјави Симон Харисон, потпретседател за комерцијален развој во „Кока-Кола европски партнери“.

Espresso Monster всушност е спој на вистинско кафе достапно во две варијанти: еспресо со млеко и еспресо со вкус на ванила. Се продава во црна конзерва од 250 мл. Ги привлекува потрошувачите кои бараат ладно кафе со содржина на кофеин што го има во топлото кафе.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...