Свет

Калории на етикетите на пивата

20 фев 2019

Две германски здруженија на пивари на своите членови им препорачаа да почнат на етикетите на пивата и на радлерите да ја печатат и калориската вредност.

Германското здружение на пивари и Здружението на приватни пивари изразиле очекување дека и другите индустрии, како што се винарниците и дестилериите, ќе го следат истиот пример, пренесува агенцијата „Асошиејтед прес“.

Доброволната мерка доаѓа по притисокот на Европската комисија да се подобри транспарентноста на прехранбената индустрија и да им се помогне на потрошувачите со поголема информираност.

Просечната калориска вредност за пилснерот е околу 40 калории на 100 милилитри, или околу 200 калории во шише од половина литар.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...