Свет

Германија става нови ознаки на храната и на пијалаците

23 јан 2019

Од крајот на овој месец, во голем број супермаркети во Германија на амбалажата на храната и на пијалаците треба да се појават ознаки за препорачливост на производите.

Со букви од А до Е, напишани на обоена подлога, на потрошувачите би требало да им се даде препорака која храна е поздрава, односно која е помалку опасна, пренесе радиото „Дојче Веле“. Ваквото означување на храната во Германија треба да стане пракса. До летово би требало да биде претставен модел што на едноставен начин ќе дава информации за хранливата вредност на производот. Системот е наречен Nutri-score и беше воведен во Франција во 2017 година.

Овој систем во ознаката ги прикажува негативните и позитивните елементи во 100 грама од одреден производ. Како негативности се сметаат количината на масти, на шеќер и на сол, а како позитивни - количината на протеини, на оошје или на зеленчук. Се собираат позитивните и негативните поени, а резултатот е една од петте ознаки - од А (тој производ би можел да се користи секој ден без негативни последици по здравјето) до Е (таа храна или пијалок не треба да се користи секој ден, поради опасност од дебелеење или други негативни последици по здравјето). 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...