Свет

Со повисоки цени до добри резултати

12 ное 2018

Компанијата „Проктер & Гембл“ соопшти дека профитот и продажбата во третиот квартал се подобри од очекуваните, додавајќи дека за тоа најмногу придонело зголемувањето на цените на неколку производи низ целиот свет.

Органската продажба се зголемила за 4%, што е најдобар пораст во последните пет години, како последица на зголемената побарувачка на производи за нега и за убавина.

Продажбата во сегментот за убавина се зголемила за 5% во третиот квартал, а порастот е предводен од брендовите за нега на кожата – SK-II и Olay, особено во Кина, каде што порастот изнесувал 22%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...